Специјалното обвинителство ги анализира доставените податоци

23.11.2015 11:16

Донесен е и оперативен план за работа, се подготвуваат просториите во кои ќе биде сместено обвинителството, а како што велат од обвинителството, отвориле и Фејсбук страница за подобра комуникација...

Јавното обвинителство за гонење кривични дела, поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, со детали од досегашната работа. По комплетирањето на тимот на обвинетелката Катица Јанева, спроведени се обуки, а во соработката со Министерството за правда, изготвен е и предлог - закон за јавно обвинителска служба, кој е доставен до Владата.

Од обвинителството очекуваат предлог - законот да биде ставен на дневен ред на првата владина седница, а по итна постапка да го мине и собранискиот филтер.

Донесен е и оперативен план за работа, се подготвуваат просториите во кои ќе биде сместено обвинителството, а како што велат од обвинителството, отвориле и Фејсбук страница за подобра комуникација.

Во врска со предметите, од обвинителството велат - се анализира кој предмет има приоритет.