Њу Орлеанс: 16 лица ранети во напад со огнено оружје

23.11.2015 11:26

Наводно, нема повредени помали деца, но хоспитализирани се повеќе тинејџери...

Најмалку 16 лица се ранети во напад со огнено оружје во Њу Орлеанс. Двајца напаѓачи отвориле оган врз стотици луѓе, меѓу кои и деца, собрани на парада и снимање филм.

Наводно, нема повредени помали деца, но хоспитализирани се повеќе тинејџери.

Локалните медиуми јавуваат за хаотични сцени, со повредени како лежат на земја и голем број амбулантни возила.