Обид за атентат врз курдскиот опозициски лидер

23.11.2015 11:30

Било пукано врз неговиот блиндиран автомобил додека патувал кон градот Дијабекир...

Курдскиот опозициски лидер Селахатин Демитраш, политички ривал на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, бил цел на обид за атентат.

Било пукано врз неговиот блиндиран автомобил додека патувал кон градот Дијабекир. Приврзаниците на Прокурдската партија беа напаѓани три пати во изминатиот период.

Минатиот месец во Анкара, во напад извршен веројатно од Исламска држава, загинаа над 100 луѓе.