МВР: Состојбата на јужната граница е мирна

23.11.2015 12:06

Редовно на околу илјада мигранти не им се дозволува влез порадо тоа што не доаѓаат од земји каде има воени дејствија...

Состојбата на јужната граница е мирна, информираат од МВР. Редовно на околу илјада мигранти не им се дозволува влез порадо тоа што не доаѓаат од земји каде има воени дејствија.

И на северната граница е мирно. Транзитниот центар е празен и нема задржување во тековната процедура за излез, соопшштија од МВР.

Во изминатите 24 часа издадени биле 5.979 потврди за барање азил. Најбројни се државјаните на Сирија- 3.022, Авганистан- 1.940 и Ирак- 1.014.