Попоски: Контрола на границата и насочување на мигрантите

23.11.2015 13:03

Македонија не може да ги отвори вратите за престој на бегалците кои не можат да бидат згрижени во ЕУ...

Државава ќе ги преземе сите неопходни мерки и ќе ги употреби сите ресурси за заштита на границата и спречување неконтролирани премини на мигрантите. Ќе ги насочува кон точките каде може да бидат контролирани – вели шефот на дипломатијата Никола Попоски. Македонија не може да ги отвори вратите за престој на бегалците кои не можат да бидат згрижени во ЕУ.

Според Попоски, за Македонија потсојат три клучни приоритети во справувањето со проблелот со мигрантите и бегалците.

Првиот приоритет е во делот на обезбедување хуман третман на сите бегалци од конфликтните зони кои доаѓаат до нашата земја и поминуваат низ неа со цел да стигнат до една од западно- европските или северно- европските земји. Тоа за нас е приоритет како земја која во многу наврати има покажано дека знае да овозможи хуман третман на луѓето во таква состојба, рече Попоски.

Вториот приоритет се однесува на обезбедување, контрола на границата и насочување на мирантите на точките на кои можат да бидат регистрирани и да им се обезбеди премин.

Третата димензија, според Попоски, претставува различниот третман за оние кои можат да стигнат до земја во која би можеле да добијат азил или да престојуваат, и оние кои се повеќе од економска природа, за кои самата ЕУ има донесено одлуки во однос на неможноста да бидат примени.

Министерот за надворешни работи денеска имаше редовен состанок со амбасадорите во земјава.