Седница на Националниот совет за евроинтеграции

23.11.2015 13:13

На седницата на Советот за евроинтеграции, вицепремиерот Бесими побара од политичарите да работат на реформскиот процес.

Евроинтеграцијата останува приоритет на нашата земја. Последниот извештај на Европската комисија ги нагласува полињата во кои Македонија остварила развој, но истовремено посочува во кои сфери треба да се работи.

На седницата на Советот за евроинтеграции, вицепремиерот Бесими побара од политичарите да работат на реформскиот процес.

За пратеничката Ермира Мехмети во иднина најмногу треба да се работи на независноста на судството.

Советникот на претседателот, професорот Димитар Мирчев смета дека извештајот на Комисијата е сличен со претходните и покажал дека земјите од регионот, вклучувајќи ја и Македонија освариле умерен напредок.