Македонска делегација предводена од Груевски на самитот на земјите од Централна и Источна Европа во Кина
Состанокот е можност за искористување на кинескиот буџет од 10 милијарди долари за 16 Централно-источни европски држави меѓу кои и е земјава...

Премиерот Никола Груевски ја предводи македонската делегација на Самитот на земјите од Централна и Источна Европа во Кина на 24-ти и 25-ти ноември, јавува кинеската агенција „Хсинхуа“.
Состанокот е можност за искористување на кинескиот буџет од 10 милијарди долари за 16 Централно-источни европски држави меѓу кои и е земјава.
Со пари од овој буџет веќе се градат два автопати во земјава во вредност од 580 милиони евра, кредит од кинеската Ексим банка. Во првите 9 месеци од годинава размената меѓу Македонија и Кина бележи раст и изнесува околу 400 милиони долари.
Македонија извезла 124 милиони во вино, месо и мермер, а увезла кинески производи во вредност од 274 милиони долари.
