Камерон и Оланд ја посетија салата „Батаклан“

23.11.2015 13:22

Двајцата лидери разговараат за соработката во борбата против Исламска држава...

Британскиот премиер Дејвид Камерон и неговиот француски домаќин, претседателот Франсоа Оланд, ја посетија концертната сала „Батаклан“ во париз, каде што џихадистите убија 90 луѓе, меѓу кои и еден Британец.

Двајцата лидери разговараат за соработката во борбата против Исламска држава. Франција бара зајакнување на меѓународните коалиции, а британската влада се обидува да го убеди парламентот да даде поддршка кралските воздухопловни сили, освен во Ирак, да ги прошират нападите и во Сирија.