Руските бомбардери го уништиле најголемото складиште за нафта во Рака
23.11.2015 13:38
За пет дена се уништени и илјада танкери што превезувале сирова нафта, која е главен извор на финансирање на ИДИЛ...

Руските бомбардери го уништиле најголемото складиште за нафта и нафтната рафинерија во Рака, главниот град на калифатот на Исламска држава. Во последните два дена Русија извела 141 напад на 472 цели на терористите во Сирија.
За пет дена се уништени и илјада танкери што превезувале сирова нафта, која е главен извор на финансирање на ИДИЛ.
Џихадистите претрпеле големи загуби и многу од нив дезертираат. Со поддршка на руските авиони, силите на сирискиот претседател Асад ја презеле контролата над два града во околината на Хомс.
