Нова современа опрема на Институтот за спорт
Досега студентите од Факултетот за физичко образование работеа по застарени методи . Новата апаратура ќе ја користат и учениците од Спортската академија...

На Институтот за спорт е инсталирана најсовремена опрема која ќе ја анализира здравствената состојба, но и перформансите на спортистите. Досега студентите од Факултетот за физичко образование работеа по застарени методи . Новата апаратура ќе ја користат и учениците од Спортската академија.
Станува збор за најсофистицирана опрема со која што се добиваат вистинските квалификции за учениците, нивната здравствена состојба, спортските перформанси, а се води и посебно досие за секој од учениците. Врз основа на тие податоци се изработува посебна програма и се следи ученикот, а доколку се појават извесни потреби, можат да се корегираат дел од почетните квалификации кои биле предодредени, истакна заменик министерот за образование, Спиро Ристовски.
Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески потенцира дека за поддршка на Институтот, Агенцијата досега набавила опрема односно апаратура и реквизити во вредност од 1.200.000 денари.
