И в година ќе се стимулира вработувањето на ранливите категории
45 милиони евра стимулација од државнната каса за работодавачите кои ќе ангажираат лица од ранливите категории. 340 луѓе ќе се стекнат со стручни знаења и вештини преку обиките за да бидат поконкуренти на пазарот на работна сила...

Државата со 45 милиони денари и в година финансиски ќе го стимулура вработувањето на луѓе од ранливите категории. Повозрасни граѓани, лица со основно образование или корисници на социјална помош, вкупно 340 луѓе, ќе можат да се стекнат со стручни знаења и вештини, за да бидат поконкурентни на пазарот на трудот.
„Државата во еден одреден временски период финансира дел од трошоците за плата кај работодавците за ангажирање на овие лица со цел да ги мотивира компаниите да земат дел од овие лица, да ги вработат во рамките на своето претпријатие, да ги вклучат во деловниот процес, да поминат обука самите лица кои ќе бидат вработени со цел да се стекнат определени практични знаења и вештини и потоа по таа обука којашто државата ја финансира да се вработат во рамките на претпријатието “, изјави владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.
Мерката предвидува тримесечна обука, период во кој работниците добиваат по 6.200 денари месечно. По завршувањето на обуката, работодавачот е должен да ги вработи, за што добива шестмесечна субвенција од по 19 илјади денари. Откако ќе завршат 9-те месеци во кои се субвенционира вработувањето, работодавачот има обврска да го задржи работникот уште најмалку една година. Досега на овој начин се вработени 700 луѓе во 400 компании.
„Мерката во минатото даде позитивни резултати и ние очекуваме овој тренд на позитивни ефекти да продолжи и во текот на следната година“, вели Ѓорѓиев.
Огласот за мерката ќе се објави на стартот на идната година, со што и компаниите ќе можат, потребата од одреден профил на работник, да ја пријават во агенцијата за вработување.
Андријана Атанасовска
