Нова опрема во Институтот за спорт
Колку спортистите се физички подготвени и каква е нивната здравствената состојба? Резултатите ќе ги даде новата опрема на Институтот за спорт. Први на тест - учениците од спортската академија...

Колку спортистите се физички подготвени и каква е нивната здравствената состојба ќе треба да покаже новата опрема на Институтот за спорт. Први на тест- учениците од Спортската академија. Мораа да поминат низ неколку кондициони тренинзи за да ја покажат нивната подготвеност. За секој од спортистите ќе биде изготвено досие.
Деканот Живковиќ вели дека на овој начин ќе може да се препознае нивниот потенцијал , но и да се унапреди спортот во Македонија.
Во опремата се инвестирани околу милион и двесте илјади денари. Таа ќе ги мери перфомансите на студентите од Факултетот за физичко образование и учениците од Спортската академијата. Целта е да се следат потенцијалите, но и успесите на спортистите.
Институтот за научно истражувачка работа во спортот беше отворен лани, а во следниот период ќе се отворат и советувалишта за спорт, спортска психологија, кинези терапија, биомеханика и исхрана, каде што ќе се поддржуваат тренерите, клубовите, националните спортски федерации и врвните спортисти.
Викторија Милевска
