Премиерот Груевски во работна посета на Кина
Груевски ќе учествува на 4-тиот Самит на шефови на владите на земјите од Централна и Источна Европа и на Кина, и на 5-тиот Економско трговски форум во Суџоу...

Премиерот Груевски е во работна посета на Кина, заедно со владина делегација, во која се и вицепремиерот за економски прашања Пешевски, шефот на дипломатијата Попоски и заменик- министерот за економија Делев.
Груевски ќе учествува на 4-тиот Самит на шефови на владите на земјите од Централна и Источна Европа и на Кина, и на 5-тиот Економско трговски форум во Суџоу, на кој ќе присуствуваат над илјада претставници од бизнис секторите на 16-те земји учеснички.
Во рамките на посетата е планирана и средба на премиерот Груевски со претседателот на НР Кина, Си Џипинг, а на бизнис форумот во Пекинг ќе бидат претставени поволната бизнис клима и можностите за инвестирање во Македонија.
