Напредок во земјоделството, слаба искористеност на ИПАРД
Во земјоделството е забележан одреден напредок, се потенцира во Извештајот на Европската комисија за Македонија за 2015 година. Забелешка е дадена на слабата искористеност на ИПАРД средствата...

Како слабост е оценето ефикасното користење и одржување на објектите за наводнување. Исто така повеќе треба да се следи и директното влијание на исплатените субвенции во земјоделското призвидството.
Значајни чекори се превземени и за решевања на главните прашања поврзани со користењето на ИПАРД средствата, каде што има зголемен број на барања за искористување на европските пари.
Административниот капацитет на Агенцијата за финансиска поддршка е зајакнат и е направен напредок за акредитација на новите ИПАРД мерки.
Напредок има и во органското производство и квалитетот на земјоделските производи.
Методија Трајков
