Прва седница на Анкетната комисија за прислушувањето
24.11.2015 10:18
Анкетната комисија брои 16 члена...

За денеска во Собранието е најавена првата седница на Анкетната комисија за случајот со прислушувањето, на која треба да биде усвоен комисискиот деловник.
Анкетната комисија брои 16 члена. Претседател е Петре Шилегов од СДСМ, а негов заменик е Горан Мисовски од НСДП. Опозицијата има и два члена. Владејачката ВМРО-ДПМНЕ е застапена со 8, ДУИ со 2, а ДПА со 1 член. Од редот на пратениците кои не се во пратеничка група, претставник е Роза Топузова-Каревска.
Во Законодавниот дом се најавени и седници на Комисиите за европски прашања и за финансирање и буџет, кои треба да расправаат за извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија во 2015 година.
