Експлозија на бомба пред Грчката бизнис федерација во Атина

24.11.2015 10:44

Освен скршени прозорци, нема повредени или друга материјална штета...

Бомба експлодираше пред канцеларијата на грчката бизнис федерација во Атина. Освен скршени прозорци, нема повредени или друга материјална штета.

Се верува дека домашни герилски групи стојат зад нападот, прв по доаѓањето на власт на премиерот Ципрас. Нападите на банки, политичари, новинари и бизнисмени не се реткост во Грција, која е погодена од најтешката економска криза во изминативе децении.