За 24 часа издадени потврди за азил на 1.814 странски државјани

24.11.2015 12:54

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Авганистан–839, Сирија-767, Ирак-208, додека другите се во помал број...

Во изминативе 24 часа  издадени се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 1.814 странски државјани, од кои 938 се од машки пол, 333 се од женски, 412 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 131 деца кои патуваат без родител, соопштуват од МВР.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Авганистан–839, Сирија-767,  Ирак-208, додека другите се во помал број.

Досега издадени се потврди на вкупно 278.120 странски државјани, од кои, 161.930 се од машки пол, 43.067 се од женски, 58.234 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 14.889 деца кои патуваат без родител. Најбројни се државјаните на Сирија-168.472, потоа Авганистан-63.848, Ирак-24.367, Иран-6.231, Пакистан-5.416, Палестина-2.158, Сомалија-1.276, Бангладеш-1.253, Мароко-1.311, Конго-514,  Либан-434,  Алжир-453, Нигерија-277, додека останатите се во помал број.

Во последното деноноќие до Одделението за азил поднесенo e едно барање  за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил од државјани на Сирија, со нив се и две деца кои го придружуваат родителот.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до Одделението  за азил се поднесени 76 барања  за признавање на право на азил.