Груевски: Македонија е отворена за кинески инвестиции

24.11.2015 13:06

Земјите од Централна и од Источна Европа на заедничка маса со кинескиот државен врв. Во фокусот, иницијативите за соработка и финансирање во конкретни проекти и забрзан економски развој. Премиерот Груевски е во работна посета на Кина...

Македонија е заинтересирана за кинеските средства за инфраструктурни проекти. Земјите од Централна и од Источна Европа на заедничка маса со кинескиот државен врв. Во фокусот, иницијативите за соработка и финансирање во конкретни проекти и забрзан економски развој. Премиерот Груевски е во работна посета на Кина. Во Суџоу се одржува и економско- трговски форум.

„Низ територијата на Македонија минуваат важни европски коридори. Од голем интерес за нашата држава е да биде вклучена во нови заеднички инфраструктурни проекти во процесот на соработка на 16-те земји со Кина. Македонија успеа да одржи стабилна макроекономската политика и да постигне одлични резултатикои се признати од реномирани меѓународни финансиски институции. Владата на Република Македонија е цврсто посветена на привлекување странски инвестиции и е особено отворена за кинески инвестиции“, истакна премиерот Никола Груевски.

„Политичката доверба меѓу двете страни го зголемува потенцијалот за взаемна трговија и взаемни инвестиции. Во моментов кинеските компании се расположени да инвестираат во земјите од ЦЕИ, со околу 5 милијарда американски долари. Се надеваме дека инвестициите во земјите од ЦЕИ од страна на кинеските компании ќе растат со најмалку двоцифрена стапка“, изјави кинескиот премиер, Ли Кечијанг.

Република Македонија е првата држава која потпиша конкретен договор за искористување на дел од предвидените средства за овој регион, имплементирани во изградбата на двете нови автопатски делници Скопје-Штип и Кичево-Охрид, кои во моментов се во фаза на изградба.