Зголемена безбедност пред самитот Брдо- Бриони
24.11.2015 13:17
Дел од гостите ќе бидат потпретседателот на САД, Џозеф Бајден и претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, регионални и европски лидери...

Хрватска презема посебни мерки за безбедност за самитот на регионалната иницијатива Брдо-Бриони. Дел од гостите ќе бидат потпретседателот на САД, Џозеф Бајден и претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, регионални и европски лидери.
На покривите ќе бидат поставени снајперисти и специјалци на секоја од главните крстосници во градот. Шахтите ќе бидат заварени, а од 20 часот полицијата ќе ја затвори за сообраќај делницата по која ќе се движи Бајден.
