Филмот „До балчак“ вечер ќе се прикаже во Советот на Европа во Стразбур
24.11.2015 13:26
Филмот „До балчак“ ќе биде прикажан во рамки на одбележувањето на јубилејот 20 години од пристапувањето на Република Македонија кон Советот на Европа...

Во киносалата на Советот на Европа во Стразбур вечер ќе биде прикажан филмот „До балчак“ на режисерот Столе Попов, во рамки на одбележувањето на јубилејот 20 години од пристапувањето на Република Македонија кон Советот на Европа.
На проекцијата, која ја организира Постојаната мисија на Република Македонија при Советот на Европа, ќе присуствува актерот Сашко Коцев кој во филмот ја игра главната машка улога.
