Фрлена бомба врз полициска станица во Босна, сомнеж за терористички напад
Истрагата за случајот ја презема обвинителството на Босна и Херцеговина кое има исклучиво овластување за терористички дејствија...

Ноќеска, во полициската станица во местото Завидовиќи во средиштето на Босна е фрлена експлозивна направа. Полицијата се сомнева на терористички напад.
Истрагата за случајот ја презема обвинителството на Босна и Херцеговина кое има исклучиво овластување за терористички дејствија.
Постојат индиции дека има елементи за терористички казниви дела и затоа е формиран тим од Државната агенција за истрага и заштита, од Федералната управа на полицијата и на Министерството за внатрешни работи на Зеничко-добојската жупанија под чија надлежност е местото Завидовиќи.
Тимот ќе работи на собирање оперативни сознанија и на идентификација и лоцирање на сторителите, соопштува жупаниското МВР.
