Климатски промени: Мразот околу Арктикот е најтенок од почетокот на мерењата
24.11.2015 13:34
Според најновите истражувања топењето е побрзо дури и од долгорочните проценки...

Научниците уште еднаш предупредија на драматични климатски промени на нашата планета. Тврдат дека поради глобалното затоплување, мразот на Северниот пол и ледниците на Гренланд и во Норвешка се топат побрзо од кога било.
Според најновите истражувања топењето е побрзо дури и од долгорочните проценки.
Минатата зима – мразот во Арктичко море опфаќал најмала површина во историјата откако се набљудува.
