Недела за грижа за старите лица

24.11.2015 13:40

Се одбележува Неделата за грижа на стари лица чија цел е да се подигне јавната свест на населението за правата на овие лица, како и нивната потреба за грижа и помош...

Волонтерите од Црвениот крст  преку општинските организации, под мотото „Сите сме нивни деца“ до крајот на оваа недела ќе ги посетат домовите на старите и изнемоштени лица. Се одбележува Неделата за грижа на стари лица чија цел е да се подигне јавната свест на населението за правата на овие лица, како и нивната потреба за грижа и помош. Организирани се и бесплатни прегледи и активности во дневните центри и во домовите за стари лица.

Во рамките на оваа недела ќе се организираат едукативни и креативни работилници со стари лица, хуманитарни изложби на рачно изработени дела, посети на стари, осаемни и изнемоштени лица во нивните домови, доделување помош, бесплатни прегледи..., информира генералниот секретар на Црвениот крст на Република Македонија, Саид Саити.

Во рамки на неделата ќе биде организирана и акција за бесплатно мерење на шеќерот во крвта на 2.000 стари лица, за што ЕВН Македонија обезбедило поддршка.

Според проекциите на ОН, секое десетто лице во светот е на возраст над 60 години. Се очекува до 2050 година секое петто лице да биде старо, а во 2050 секое петто лице да биде со возраст над 60 години. Македонија со 15 проценти старо население над 60 години го надминува коефициентот на старо население од 12 проценти.