Соборен авион: Меѓусебни обвинувања на релација Анкара- Москва

24.11.2015 15:50

Овој инцидент може да предизвика сериозна криза меѓу Москва и една членка на НАТО, а се случува токму во период кога Оладн треба да ја посети Москва и да се реши прашањето дали западот и Русија обединето ќе тргнат во борба протв Исламска држава...

Дипломатски престрелки, меѓусебни обвинувања на релација Анкара- Москва, по  соборувањето на рускиот Сухој 24 со турска ракета воздух-воздух истрелана од турски Ф-16. Претходно, пилотите на сухојот бил 10-тина пати предупредени за нарушувањето на воздушниот простор. Турција како членка на Алијансата побара итна седница на Северноатлантскиот совет.

„Денеска турската војска имаше акција откако авион влезе во турскиот воздушен простор. Ние никогаш не сме биле земја која има аспирации кон друга земја. Но сите треба да знаат дека Турција има право да одговри ако нејзиниот простор е нарушен“, изјаву турскиот премиер Ахмет Давутоглу.

Беше јасно дека ќе се случи инцидент од овој тип, откако Русија за 10 пати ги интензивира нападите врз позициите на Исламска држава во Сирија, а ги удвои и своите воздухопловни сили во критичниот регион. Соборувањето се случи во период кога Оланд треба да ја посети Москва за натамошно објавување обединета борба на Западот и Русија против тероризмот, пишува руски „Комерсант“. Рускиот претседател гневен по соборувањето, изјави дека станува збор за соработка со терористите.

„Турците ни зарија нож в грб. Овој нивен потег може да се протолкува како соработка со Исламистите. Овој инцидент ќе има сериозни последици во односите меѓу двете земји. Факт е дека Турција не скаше да контактира со нас, туку веднаш свика состанок на НАТО. Ова злосторство нема да помине без одговор“, вели рускиот претседател Владимир Путин.

Неизвесна е судбината на двајцата пилоти кои успеале да се катапултираат. Според медиумите, првиот бил погоден од радикалните бунтовници, додека судбината на другиот се уште е непозната. Руски хеликоптери ја пребаруваат областа, при што се блокирани електронските комуникации во регионот. Министерот за надворешни Лавров ја откажа посетата на Анкара, а се најавува и евакуација на руските државјани од Турција. 
 

 

Марија Петковска