За прв пат ноќно скијање на Пелистер
Престојнава зимска сезона за прв пат ќе овозможи ноќно скијање на Пелистер. На ски патеката на зимско- летниот туристички центар „Ниже Поле“ во завршна фаза е монтирањето на технологијата. Паралелно течат инфраструктурните зафати за реновирање на чајџилницата и изградба на уште три летниковци. Инвестицијата од 13,5 милиони денари е обезбедена од годинешната програма за рурален развој...

Ако досега беше само желба, конечно на Пелистер зимава ќе се скија и ноќе. Долж ски патеката на зимско-летниот туристички центар „Ниже Поле“, веќе се поставени 27-те столбови на кои деновиве ќе биде монтирана потребната опрема. Добрите познавачи на ски патеката велат дека со ова ќе бидат осветлени и најкритичките точки со што ќе се овозможи максимална безбедност на посетителите. За задоволување на повеќедецениската страст, ќе се чека до првите пообилни врнежи на снег
„Со првата подготовка на ски патеката битолчани и останатите од регионот ќе мочат да ја задоволат страста што ја носи нокното скијање. Она што досега го имаше можност во поголемите скијачки центри доаѓа и тука. Ќе се добие едно катче за спортување, но и дружење што ќе ја ппрошири и самата туристичка понуда на Битола“, вели раководителот на ски центарот „Ниже Поле“, Александар Ѓоргиевски.
Паралелно со модернизирањето на ски патеката течат и инфраструктурните зафати за целосно внатрешно и надворечноо реновирање на таканареченото бачило како и изградба на три летниковци со цел создавање на што подобри услови за престој на посетителите
„Како што гледате се работи на комплетното уредување на чајџилницата, а механизацијата ги поставува контурите на трите видиковци кој ке бидат на некој начин мини паркови и место за дружење на гостите како во зимскиот така и во летниот период“, вели раководителката на ЦРППР, Емилија Геровска.
По 25 години ова е прв играструктурен зафат во овој зимско летен туристички центар. Вкупната инвестиција изнесува 13, 5 милиони денари или една петтина од средствата што Центарот за развој на пелагонискиот- плански регион ги доби за десетте одобрени проекти од програмата за рурален развој.
Раководителката Геровска вели дека останатите девет проекти се во заршна тендерска постапка и само временските прилики ќе диктираат кога ке започне нивната реализација во општините од овој регион.
Стевче Митревски
