Орав: Работете на итните реформски приоритети

24.11.2015 16:48

Пред Комисијата за европски прашања, објавениот извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија. Евроинтеграцијата останува приоритет на нашата земја. Последниот извештај ги нагласува полињата во кои Македонија остварила развој, но ги посочува и сферите во кои треба да се направат дополнителни реформи...

Имплементација на Договорот од Пржино, завршување на реформските процеси и спроведување демократски и слободни избори - Брисел преку својот претставник во Македонија, Аиво Орав, пред Комисијата за европски прашања ги повтори трите процеси кои се услов за потврда на препораката.

„По април, ЕК ќе напише привремен или среднорочен извештај и оценка, и потоа ќе се разгледа можноста да се даде комплетна препорака за да се започнат преговорите“, изјави евроамбасадорот Орав.

Вицепремиерот Бесими, по анализата на извештајот што ја направил Секретаријатот за европски прашања, рече дека испратената порака е примена и институциите почнуваат со работа.

„Извештајот е со конкретен речник за тоа што треба да се направи“, нагласи вицепрмиерот Фатмир Бесими.

Во дискусијата, и покрај меѓусебните критикувања, пратениците согласни во едно-мора да се работи на исполнување на целите.

 

Катерина Топалова