Расте надворешно- трговската размена
Според податоците на Централната банка, вкупната надворешна трговија кон земјите од ЕУ – 68,6 насто. Главен двигател извозот кон Германија со 43,6 проценти, големо учество на новите индустриски капацитети...

Раст на надворешно трговската размена за 12,5 проценти. Достигна две ипол милијарди евра, 28,1 процент од Бруто домашниот производ.
Според податоците на Централната банка, вкупната надворешна трговија кон земјите од ЕУ – 68,6 насто. Главен двигател извозот кон Германија со 43,6 проценти, големо учество на новите индустриски капацитети, повисок извоз и кон Шпанија и Романија. На второ место на извозната ранг листа е Бугарија со 6,2%, трета е Србија со 4,5%, а на Косово завршуваат 4,3% од нашиот експорт. Охрабрува што се зголемува извозот во Кина и во Тајван.
Растот на увозната страна најмногу се должи на зголемените потреби за суровини и репроматеријали на новите фабрики. Најголемо зголемување на увозната активност од Германија и од Јужноафриканската република, најголем светски производител на платина. На листата и Велика Британија со 9,8%, трета е Грција со 8,4%.
