Гевгелиските анестезиолози привремено без лиценци

24.11.2015 17:11

Одлуката е донесена откако биле доставени нови документи и извештаи, како и резултатите од анализата за алкохол во крвта...

Комисијата за етички и правни прашања при Лекарската комора на Македонија реши привремено да им ги одземе лиценците за работа на двајцата анестезиолози од гевгелиската болница.

Одлуката е донесена откако биле доставени нови документи и извештаи, како и резултатите од анализата за алкохол во крвта.

Двајцата гинеколози беа посочени како главни виновници за смртта на 32 – годишната родилка Маја Кадиева и нејзиното неродено бебе.