Напредок во областа на безбедност на храна

25.11.2015 09:57

Македонија има напредок во областа на безбедноста на храната се наведува во извештајот на европската комисија. Подобрување има и во заштитата на растенијата и добитокот...

Подобрена е состојбата во областа на безбедноста на храната, ветеринарната и фитосанитарната политика.

Земјата треба да ги зголеми административните капацитети, во делот на инспекторските услуги и лабораториите, и да се вложат поголеми напори во фитосанитарната политика. Генерално, Законите за безбедност на храната е во согласност со Европските регулативите.

Напредок има и во заштитата на растенијата.

Изготвени се планови за инспекција  и водичи за фитосанитарна инспекција. Државната фитосанитарна лабаратотрија акредитираше 15 нови  дополнителни методи, согласно стандардите за лабораториско работење.

 

Методија Трајков