Иванов на самит на претседатели на „Процесот Брдо – Бриони“
Шефот на државава ќе има обраќање на тема: „Дијалогот Југоисточна Европа-ЕУ-САД“...

Глобалните безбедносни предизвици, мирот и безбедноста во регионот, и проширувањето на Eвропската унија и НАТО, се дел од клучните теми на вонредниот самит на лидерите на „Процесот Брдо–Бриони“ што се одржува во Загреб, а на кој учествува и македонскиот претседател Ѓорге Иванов.
Шефот на државава ќе има обраќање на тема: „Дијалогот Југоисточна Европа-ЕУ-САД“. На самитот ќе учествуваат и претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, потпретседателот на САД, Џо Бајден, претседателот на Австрија, Хрватска, Словенија, Црна Гора, Србија, на Косово, како и тројцата претседавачи со претседателството на Босна и Херцеговина.
Заради доаѓањето на високите странски гости, собирот е под засилени безбедносни мерки.
