Десетина лица повредени во судир на два автобуса

25.11.2015 10:20

Според полицијата, се судриле два автобуса, на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје и приватен автобус, кои се движеле од Центар кон Аеродром...

Во сообраќајната несреќа што се случи изутрината кај трговскиот центар „Три Бисери“, според првичните информации, се повредени десетина лица.

Според полицијата, се судриле два автобуса, на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје и приватен автобус, кои се движеле од Центар кон Аеродром.

Повредените лица со возила на итната медицинска помош се пренесени на скопските клиники.