Ставрески ќе присуствуа на отворање на фабрика за производство на кроасани
25.11.2015 10:23
„Гранд-Експорт Скопје“ е дистрибутерска компанија присутна на домашниот пазар 24 години, која сега отвора нова фабрика за производство на кроасани...

Вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, ќе присуствува на официјалното отворање на фабриката за производство на кроасани „Гранд Експорт Скопје“.
„Гранд-Експорт Скопје“ е дистрибутерска компанија присутна на домашниот пазар 24 години, која сега отвора нова фабрика за производство на кроасани.
Се работи за приватна домашна инвестиција во висина од 6,5 милиони евра. Фабриката е изградена на простор од 6 илјади m2 и во неа имплементирана е најсовремена опрема и технологија.
Со отворањето на фабриката вкупниот број на вработувања во компанијата ќе достигне 200 лица.