Облачно со дожд и до 40 литри на квадрат
Попладне и кон крајот на денот се очекува поинтензивен дожд во југоисточниот крај. Локално, се очекуваат од 30 до 40 литри дожд на квадратен метар...

Продолжува нестабилното време. Претпладнево врнежите од дожд се поинтензивни во западниот регион. Попладне и кон крајот на денот се очекува поинтензивен дожд во југоисточниот крај. Локално, се очекуваат од 30 до 40 литри дожд на квадратен метар.
Координативното тело за управување со кризи упатува препораки до надлежните институции и до градоначалниците да ги стават на располагање сите ресурси, и да се активираат кризните штабови.
Доколку имаат потреба од дополнителна помош, да се обратат до Дирекцијата за заштита и спасување. Од Координативното тело препорачуваат и континуирано следење на водостојот на реките и на нивото на акумулациите, да се интервенира на мостовите каде што има опасност од наноси, а граѓаните за каква било помош да се обратат на бесплатниот телефонски број 195, во Центарот за управување со кризи.
