МВР: Досега издадени речиси 280 илјади потврди за азил

25.11.2015 11:44

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-168.996, потоа Авганистан-64.806, Ирак-24.679, Иран-6.231...

Во последниве 24 часа издадени се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 1.794 странски државјани, од кои 905 се од машки пол, 322 се од женски, 483 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 84 деца кои патуваат без родител, соопштува МВР.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Авганистан–958, Сирија-524,  Ирак-312.

Досега издадени се потврди на вкупно 279.914 странски државјани, од кои, 162.835 се од машки пол, 43.389 се од женски, 58.717 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 14.973 деца кои патуваат без родител.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-168.996, потоа Авганистан-64.806, Ирак-24.679, Иран-6.231, Пакистан-5.416, Палестина-2.158, Сомалија-1.276, Бангладеш-1.253, Мароко-1.311, Конго-514,  Либан-434,  Алжир-453, Нигерија-277, додека останатите се во помал број.

Во изминатово деноноќие до Одделението за азил поднесени сe четири барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда од три државјани на Авганистан со нив се и шест деца кои го придружуваат родителот и еден државјанин на Сирија со едно дете.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до Секторот за азил се поднесени 80 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда.