Училиштата и метрото во Брисел повторно работат, безбедносните мерки и натаму на високо ниво

25.11.2015 11:55

Повеќе од 300 полицајци ќе бидат распоредени околу училиштата поради зголемената опасност од терористички напади...

По четири дена, училиштата и метрото во Брисел повторно работат. Повеќе од 300 полицајци ќе бидат распоредени околу училиштата поради зголемената опасност од терористички напади.  

Белгискиот министер за внатрешни работи, Јан Јамбон, соопшти дека се уште постои опасност од терористички напади, и затоа безбедносните мерки и натаму се на највисоко, четврто ниво во Брисел, додека во другите делови од земјата е трето ниво на опасност.