Нова домашна инвестиција во Илинден- вредна 6,5 милиони евра
Вицепремиерот Ставрески на отворањето истакна дека целта и на централната и на локалната власт е да даде поддршка на вакви успешни бизниси и посочи дека Владата работи на создавање поволна бизнис клима...

„Гранд Експорт- Скопје“, дистрибутерска компанија присутна на домашниот пазар 24 години, стартува со производство во индустриската зона „Илинден“. Ова е приватна домашна инвестиција од 6,5 милиони евра со најсовремена опрема и технологија. Фабриката е изградена на простор од 6 илјади метри квадратни, а во компанијата ќе се вработат 200 лица. Во новата фабрика „Гранд фуд корпорејшн“ ќе се произведуваат кроасани.
Официјалниот почеток го означија сопствениците на компанијата, вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и градоначалникот на Општина Илинден Жика Стојановски.
Вицепремиерот Ставрески на отворањето истакна дека целта и на централната и на локалната власт е да даде поддршка на вакви успешни бизниси и посочи дека Владата работи на создавање поволна бизнис клима.
Градоначалникот Стојановски истакна дека ова е една од најголемите инвестиции во општина Илинден која како и другите придонесува за локален економски развој и за нови работни места.
Сопственикот и основачот на компанијата, Стојмен Јордановски, изрази задоволство што нивната визија станала реалност. Станува збор за комплетно сопствена инвестиција и дека според инсталираниот капацитет е најголема фабрика за производство на кроасани во овој дел на Европа.
