Околу 60 отсто од потрошената струја е од домашни извори
25.11.2015 14:15
Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 59,1% во бруто-домашната потрошувачка на струја...

Во Македонија во септември годинава се потрошени 562.979 МWh електрична енергија, 2.081 мил. nm3 природен гас, 455.091 тони јаглен и 82.807 тони нафтени продукти, соопшти Државниот завод за статистика.
Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 59,1% во бруто-домашната потрошувачка на струја.
Од вкупната потрошувачка на јаглен, пак, 95.4% е употребена за производство на електрична енергија.
