Прогласени најдобрите угостителски објекти во Скопје

25.11.2015 14:19

Изборот на најдобрите е направен врз основа на извештаи на тајните купувачи агажирани од Агенцијата СВОТ ДООЕЛ, кои посетиле 100 угостителски објекти...

„Мексикански Амигос“, „Буши“  и „Венето“, кои го делат второто место поради остварен ист резултат и „Маргер“ се избрани за најдобри ресторани за годинава, а најдобри три гостилници се „Канцона“, „Бисера Ив“ и „Рори“ (Ројал Рустикана). 
 
Проектот за избор на најдобри угостителски објекти го спроведуваше Град Скопје во соработка со Агенцијата СВОТ ДООЕЛ. Овој проект се спроведува  осум години, а плакетите на  најдобрите три гостилници и најдобрите три ресторани денеска им ги врачи градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.
 
Изборот на најдобрите е направен врз основа на извештаи на тајните купувачи агажирани од Агенцијата СВОТ ДООЕЛ, кои посетиле 100 угостителски објекти.
 
Со проектот и годинава биле опфатени 50 ресторани и 50 гостилници на територијата на градот Скопје, кои со вкупно 300 посети, или секој по три пати, се оценуваа според следниве  критериуми - прв контакт со вработените, хигиена на објектот, тоалет, амбиент, услуга на келнерите, општа услуга, квалитет на храната и завршен контакт на вработените со гостите.