Средба Бесими- Хан во Брисел
„Се очекува конструктивен пристап од страна на сите политички партии, особено во однос на функционирањето на институциите каде што има претставници на повеќе политички партии“, изјави за МРТ вицепремиерот Бесими.

Во Брисел вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими оствари средба со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан. Европската унија бара политички дијалог и имплементација на договореното од Пржино и продолжување на реформскиот курс.
„Се очекува конструктивен пристап од страна на сите политички партии, особено во однос на функционирањето на институциите каде што има претставници на повеќе политички партии“, изјави за МРТ вицепремиерот Бесими.
Бесими и Хан разговарале и за итните реформски приоритети што се очекуваат од Македонија да ги направи, како и за бегалската криза.
Тука се очекува отворен пристап од страна на Република Македонија и засилена координација во однос на поддршката и планот на Европската унија, нагласи вицепремиерот Бесими.
