Нова фабрика во зоната „Илинден“- вработувања за 200 лица

25.11.2015 14:51

Домашната компанија „Гранд- експорт“ во зоната „Илинден“ инвестира 6,5 милиони евра, ќе вработи 200 лица...

Почна да работи најголемата фабрика за производство на кроасани на Балканот. Домашна инвестиција вредна 6,5 милиони евра. Компанијата „Гранд Фуд Корпорејшн“ која е една од најуспешните дистрибутерски компани со прехранбени производи, ќе вработи околу 200 луѓе. Во фабриката се инсталирани машини и технологија од најновата генерација, а за инвеститорот ова е остварување на повеќе деценискиот сон.

„Ги реализиравме нашите визии и го проширивме нашето работење со изградба на сопствено производство, капацитет за производство на кроасани. Само за почеток обезбедивме нови работни места“, рече Стојмен Јордановски, основач на компанијата.

Ваквите семејни бизниси креираат нови работни места и даваат огромен придонес во економијата. Наша задача е да ги поддржиме инвеститорите и да создадеме поволна бизнис-клима, рече на свеченото отворање, првиот финансиер Ставрески.

„Тоа 12-то место во светот занчи пониски даноци, ослободување на бизнисмените, кои потоа тие средства ги користат за изградба на вакви фабрики. Тоа значи добри услови во Царината, во Катастарот, во УЈП“, рече вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески.

Фабриката за кроасани е лоцирана во индустриската зона „Илинден“ и е најголема инвестиција во овој регион.

„За нас е значаен ден секогаш кога во општина Илинден се промовира и се отпочнува некој нов бизнис, затоа што тоа носи одржлив економски развој“, изјави градоначалникот на општина Илинден, Жика Стојановски.

Призводството на „Гранд Фуд“ освен за домашниот пазар ќе биде пласирано и во  земјите од регионот и во ЕУ. Фабриката се простира на површина од 6.000 квадратни метри и е најголемата компанија за производство на кроасани во овој дел на европа. Продажно дистрибутивната компанија „Гранд- експорт“ на македонскиот пазар постои од 1992 година.

 

Викторија Милевска