Метео: Облачно време, со повремен локален дожд

25.11.2015 15:26

Во текот на денот врнежите ќе бидат со послаб интензитет, а во вечерните и ноќноите часови, под влијание на нов циклон од Медитеранот се очекуваат пообилни врнежи...

Утре во Македонија ќе преовладува претежно облачно време, со повремен локален дожд. Во текот на денот врнежите ќе бидат со послаб интензитет, а во вечерните и ноќноите часови, под влијание на нов циклон од Медитеранот се очекуваат пообилни врнежи.

На планините над 1.000 метри надморска висина, во западните делови од земјава, има веројатност врнежите од дожд да преминат во врнежи од снег.

Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска