Администрацијата со 5% повисока плата

20.01.2014 11:37

Груевски: 5% голема плата за јавната администрација од септември

Премиерот на Владата на Македонија, Никола Груевски, за време на денешното обраќање пред претставниците на синдикатите во Домот на АРМ, кое сеуште е во тек, истакна дека јавната администрација ќе добие ново покачување на платата за 5% од септември оваа година.

Груевски истакна дека „сите живееме во оваа земја, сите се залагаме за подобар стандард, економски раст и развој и нови работни места. Како што имаме заеднички успеси имаме и заеднички предизвици и грижи.“

Тој додаде дека најдобрата социјална политика е отворањето на нови работни места. „Секогаш внимававме да не ги загрозиме приватните фирми и работните места. Во 2008-ма и 2011-та откако се виде дека ветеното го остваривме, граѓаните ги потврдија довербите во нашите политики. Довербата беше уште поголема обврска од нас. Да го засилиме темпото на работа, особено во сегментот за работниците и вработувањата. Работниците, работничките права, вработувањата се наш приоритет“, истакна  премиерот.

Тој зборуваше и за големите реформи направени во овој сектор. Наброја исполнети ветувања, но и важни мерки кои не беа ветени, а оставрени.

„Се зголемија платите во јавната администрација. Со новите економски политики, со намалување на даноците, успеавме со помалку даноци да прибереме во Буџетот повеќе пари од претходно. Потврдувам, годинава вработените во јавниот сектор ќе добијат покачување од 5 отсто од септемвриската плата“, рече Груевски.

 

Следете го преносот во живо од обраќањето на премиерот Груевски на овој ЛИНК.