„До Балчак“ прикажан во Советот на Европа
Постојаната мисија на Република Македонија при Советот на Европа синоќа организираше проекција на филмот „До Балчак“ на режисерот Столе Попов, во кино-салата на Советот на Европа...

Во рамките на активностите за одбележување на јубилејот 20 години од пристапувањето на Република Македонија во Советот на Европа, Постојаната мисија на Република Македонија при Советот на Европа синоќа организираше проекција на филмот „До Балчак“ на режисерот Столе Попов, во кино-салата на Советот на Европа.
Сашко Коцев еден од актерите, носител на главната улога присуствуваше на проекцијата.
„Кога ќе ја премотам приказната која што е опфатена во филмот, мислам дека е вистинското место каде што ќе има проекција овој филм – срцето на Европа во Стразбур. Затоа што токму за истата тематика, една Европа која што доаѓа на Балканот, се разговара и во филмот, така да мислам дека сме на вистинското место во еден многу убав момент, јубилејот дваесет години“, изјави актерот Сашко Коцев.
Вечерта беше прилика за дружење со претставниците на земјите членки на Советот на Европа, односно дипломатскиот кор, вработениет во Советот на Европа и малата македонска заедница која живее и работи во Стразбур, како и членовите на асоцијата за негување на пријателството меѓу Алзас и Македонија.
„Презентацијата на филмот „До Балчак“ е во склоп на тоа одбележување. Република Македонија има плодна соработка со Советот на Европа во сите областим во областа на демократијата, почитувањето на човековите права и владеењето на правото, но соработката не може да се замисли без взаемната и заедничка соработка во делот на културата. Прикажувањето на филмот „До Балчак“ е во делот на културната соработка со Советот на Европа. Знаеме дека Република Македонија има соработка со Еуроимаж, кој што е институција на Советот на Европа“, изјави амбасадарот на Репблика Македонија, Петар Поп Арсов.
„До Балчак“ минатото лето беше прикажан во престижната селекција на Меѓународниот филмски фестивал од Нанси-Лорен, во чија соработка и беше прикажан во Стразбур. На предлог на овај фестивал во програмата на 4-то Биенале на израелскиот и еврејскиот филм во Нанси, во програмата беше вклучен и македонскиот филм на Дарко Митревски „Трето полувреме“, во кој исто така главната улога ја игра Сашко Коцев.
„Приказната во филмлот е на вистинското место за сагата на Евреите, која од ден во ден се повеќе и повеќе се обелоденува“, вели Коцев.
Имено на филмот „Трето полувреме“ на Дарко Митревски му припадна честа вечерва да го отвори 4-то Биенале на Израелскиот и еврејскиот филм во Нанси, на чие прикажување ќе присуствува и Сашко Коцев. Инаку, ова е прво прикажување на овај македонски филм пред француската јавност, откако беше издаден ДВД и Блу-реј издание на филмот со превод и синхронизација на француски јазик.
Тони Гламчевски, допсиник од Франција за МРТ
