Русија и ја прекина испораката на гас на Украина

25.11.2015 13:42

Новиот судир за гас меѓу Москва и Киев доаѓа по зголемената напнатост поврзана со саботажата на далекуводот во Украина...

Русија го прекина дотокот на гас на Украина поради тоа што не платиле навреме. Ова создава голема опасност за нарушување на испораката на Европа, објавила руската компанија Гаспром.

Новиот судир за гас меѓу Москва и Киев доаѓа по зголемената напнатост поврзана со саботажата на далекуводот во Украина, што доведе до целосен мрак на Крим, полуостровот што се присоедини кон Русија во март 2014 година.

Гаспром соопшти дека украинската нафтена компанија Нафтогас го добила  вкупниот волумен на гас што го платила,  но нова уплата нема. Руската компанија вели дека испораката ќе биде во прекин додека не се уплати.