Силни воздушни удари на местото на соборениот авион

25.11.2015 16:12

Руските авиони минатата ноќ ги бомбардирале областите Џабал Акрад и Џабал Туркман на север на провинцијата, изјавил директорот на опсерваторијата со седиште во Лондон, Рами Абдел Рахман...

Руските воени авиони изведоа силни воздушни удари во провинцијата Латакија, на северот на Сирија, ден по соборувањето на авионот од страна на Турција на тоа подрачје, се вели во соопштението на Сириската опсерваторија за човекови права.

Руските авиони минатата ноќ ги бомбардирале областите Џабал Акрад и Џабал Туркман на север на провинцијата, изјавил директорот на опсерваторијата со седиште во Лондон, Рами Абдел Рахман.

Тој рекол дека се изведени најмалку 12 воздушни удари, но нема податоци за жртви, пренесува АФП. Еден активист на терен потврдил дека е гаѓано на областа во која е уништен еден  руски хеликоптер, кој морал принудно да слета под налет на вкрстен оган. Еден член на посадата е убиен, а другите се спасени.

Турција во вторникот го собори рускиот авион Су-24 над сириската провинција, а екстремистите го убиле пилотот кој се катапултирал од авионот. Другиот пилот го спасиле руските и сириските специјални сили.