Истражувањата на битолските Еврејски гробишта даваат нови сознанија
Нескојдневни натписи на еврејски јазик напишани на плочите од гробовите, кои го опишуваат животот и занимањето на покојните, симболи што сведочат за семејни гробници се само дел од откритијата од тридневното истражување на израелските археолози на битолските Еврејски гробишта...

Се отвараат нови сознанија за животот на битолските евреи. Само за три дена истражување на површина излегоа околу стотина надгробни плочи со несекојдневни натписи. На самите плочи е опишан животот и со што се занимавале покојните и нивните карактеристики како личности. Можат да се видат и симболи за семејни гробници, како што е онаа на семејството на евреинот што ја напишал последната книга за оваа етничка заедница. Откритија кои ги возбудија и израелските експерти што го истражуваат еврејското наследство на светско ниво.
„Се секое отварање на секој следен гроб станувавме се повозбудени зошто уште подлабоко ја откривавме историјата на нашиот народ. Кога ги читаме содржината на натписите напишани на еврејси јазик кај нас постојано очите се полнат со солзи, досега имаме откриено околу стотина гроба на локацијата каде се претпоставува дека почиваат над десет илјади евреи“, вели Орит Бортник, археолог од Израел.
Од Македонија заминаа и никогаш не се вратија над седум илјади евреи. Од големиот леб останавме само ние трошките на кои ова истражување ни е многу значајно, вели потомокот на последниот битолски рабин и претседател на еврејската заедница.
„Овие се тие наши гробишта, фалат оние од Треблинка- немаат гробишта, тука ги оставија кандилата, а само симболично во Скопје ја кажуваме молитвата“ вели претседателката на еврејската заедница Берта Романо Николиќ.
Не помалку важно е и истражувањето на јужната страна од гробиштата.
„Ова истражување треба да ги даде карактеристикита за отпочнувањето на меноријалниот парк на 16 декември“, вели проектниот кординатор Марија Герас Дочовска.
Во тој меморијален парк планирано е да бидат засадени над три илјади фиданки, по една за секој битолски евреин жртва на холокаустот.
Стевче Митревски
