Судир на два автобуси од градскиот превоз, состојбата на повредените стабилна

25.11.2015 16:48

Дванаесет лица се повредени во сообраќајка на два автобуса изутринава. Повредените не се во животна опасност. Од страна на СВР е извршен увид на местото на незгодата, а автобусите се испратени на технички преглед...

Десетина повредени патници и двајцатa возачи на автобусите завршија во скопските болници по сообраќајката меѓу автобус на ЈСП и приватнa 23 –ка која се случи изутринава на булеварот „Јане Сандански“ во Аеродром.

7- мина од повредените се пренесени во ГОБ „Св. Наум Охридски“, четворица во ургентен и едно лице е пренесено во ГОБ „8-ми септември“.

Повредените не се во животна опасност. Кај една жена биле констатирани потешки повреди, поради што е пренесена на КАРИЛ, но според последните информации, нејзината здравствена состојба е стабилна. 

„На местото на настанот од страна на увидна екипа на СВР Скопје е излезено, извршен е увид  и се работи на целосно расчистување, односно утврдување на причините за сообраќајната незгода“, изајви Лиза Бендевска – СВР Скопје.

Увидот на истражните органи траеше и неколку часа по несреќата. Смачканата предница на двокатниот автобус и задницата на приватниот сведочеа за јачината на судирот.

 

Ана Јосифоска- Тодоровска