Самит „Брдо- Бриони“ за зајакната безбедност
Глобалните предизвици, мирот и безбедноста во регионот и проширувањето на Европската Унија и НАТО, се клучните теми на вонредниот самит на лидерите на „Процесот Брдо–Бриони“ што се одржува во Загреб. Самитот на лидерите на земјите од Југоисточна Европа, на кој присуствува и претседателот Иванов се одржува под засилени безбедносни мерки. Почесни гости се американскиот потпретседател Бајден, како и претседателите на Австрија, Фишер и на Европскиот совет, Туск...

На регионален состанок на „Процесот Брдо- Бриони“, што во организација на претседателите на Хрватска и на Словенија се одржува во Загреб присуствуваат лидерите на земјите од Југоисточна Европа, меѓу кои и претедателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов. На годинашниот состанок почесни гости се и американскиот потпреседател Џо Бајден, како и претседателите на Австрија, Хајнц Фишер и на Европскиот совет, Доналд Туск.
Песрпективата за членство во НАТО и во ЕУ е многу значајна за земјите од Југоисточна Европа бидејќи овој процес ги мотивира земјите за реформите, како и за мирот и стабилноста, изјави словенечкиот претседател Борут Пахор по состанокот со американскиот потпретседател Џо Бајден кој ја пренесе пораката од амеирканскиот претседател Обама, дека југоисточниот европски регион во последните 25 години е од искучително значење за Вашингтон.
Странските агнеции изветсуваат дека по 7 години ова е прва посета на еден висок американски политичар, што упатува на фактот на свртување на амриканската полиитка кон Југоисточна Европа.
„Процесот Брдо- Бриони“ пред две години го поттикнаа Словенија и Хрватска со цел преку регионалната соработка да отпочнат со решавање на некои отворени прашања, и на тој начин дополнително да ја стабилизираат состојбата на европскиот југоисток.
Шефот на македонската држава Ѓорге Иванов во настапите пред своите колеги на досегашните самити, ја претстави нашата стартегија за спроведување на рефомите, што се приоритет на Македонија кон Европската Унија, како и пораката Република Македонија што поскоро да биде примена во членство во НАТО и во ЕУ. Проблемот со името со Грција да се решава одвоено по билатерален пат, по примерот на Хрватска и Словенија.
Со оваа иницијатива се предвидува еднаш годишно да се сретнат претседателите на државите од овој регион со почесен гостин од една од водечките држави на земјите членки на Унијата. Првиот состанок се одржа пред две години на Брдо кај Крањ, вториот се одржа во Дубровник, а третиот во Будва.
Мирјана Василева
