Бесплатни прегледи и лабораториски анализи за сите трудници

25.11.2015 16:58

Министерството за здравство соопшти дека ослободувањето од партиципацијата стартува од идниот месец. Овие мерки ќе ги користат и оние што не се на товар на Фондот, но од идната година...

Од идниот месец сите трудници ќе бидат ослободени од партиципација за гинеколошки прегледи и за лабораториски анализи, кои се неопходни во текот на бременоста. Овие мерки ќе важат и за трудниците кои не се лекуваат на товар на Фондот за здравство, но од идната година. Мобилна гинеколошка амбуланта ќе ги посетува жените во руралните средини, ќе се советуваат и жените од ромската популација за важноста од гинеколошките прегледи, бидејќи кај нив според последните податоци е забележана највисока стапка на смртност.

1.200 бремени жени годинава ја искористиле поволноста за бесплатна фолна киселина и јод. Се уште има слободни места во 12 гинеколошки амбуланти низ земјава, таму еднаш неделно ќе доаѓа доктор од регионалните  болници.

Според последните податоци лани починале 233 доенчиња. Иако бројката на смртност се намалува, во однос на предходните години, сепак е аларманта. Овие сет мерки ресорното министерство ги донесе за да се намали смрттноста кај доенчињата и кај родилките.

Пациентите кои сакаат да остварат право на ин витро за трето и за четврто дете до најмногу трет неуспешен обид ќе бидат ослободени од партиципација од шест илјади денари. Фондот за здравствено осигурување најави нови олеснувања за вештачко оплодување.

 

Андријана Атанасовска