440 милиони евра во вториот и третиот пензиски столб!
Пензиските реформи имаат ефект

Пензиските реформи направени од владата имаат ефект. Расте бројот на членови и висината на средства во вториот и третиот столб, изјави премиерот Никола Груевски на денешното обраќање пред претставниците на синдикатите во Домот на АРМ.
Груевски истакна дека заклучно со декември минатата години вториот пензиски столб имал 350.040 членови и средства во висина од 435 милиони евра. Во истиот период третиот столб брои 18.000 членови и средства во висина од пет милиони евра.
Груевски зборуваше и за големите реформи направени во овој сектор. Наброја исполнети ветувања, но и важни мерки кои не беа ветени, а оставрени. Тој најави и зголемување на платите во јавната администрација за 5% од септември.
Следете го преносот во живо од обраќањето на премиерот Груевски на овој ЛИНК.
